Дали на сликата го гледате познатиот актер или познатата пејачка?! Интернетот е ПОДЕЛЕН - не можете да ја решите оптичката илузија со широко отворени очи

Водителот на емисијата „Late Late Show“, Џејмс Корден на Твитер објави слика која збуни многу луѓе и предизвика дебата меѓу корисниците.

Тоа е оптичка илузија која наводно може да ја препознаат само луѓето со око од јастреб. Црно-белата фотографија на прв поглед изгледа прилично морничаво, а првото нешто што ќе го забележите е Дерек од „Zoolander“ кој го игра Бен Стилер, но луѓето со остри очи можат да забележат друга личност, а во прашање е позната пејачка.

Најдобар начин да ја забележите скриената пејачка е ако се оддалечите од екранот или гледате со полузатворени очи.

Наводно, сликата е дело на руски уметник кој веројатно е проколнат од сите оние кои не успеале да погодат за која личност се работи.


А вие, успеавте ли да ја решивте оваа оптичка илузија?