Дали некогаш сте посакале опасен LEXUS?
Ако имате модели на Lexus RX или Lexus NX и сакате да ги направите уште поубави отколку што се, ако воопшто е можно, ние ја имаме вистинската работа за вас…
Една интересна работилница од Русија, наречена SCL Global Concept, ги претстави своите пакети за RX наречен Goemon и еден за NX, познат како Kotaro. И двата сета содржат уникатни предни решетки кои не асоцираат на Предаторот.
Секако, вкусот е нешто за што не треба да се дискутира, но ќе се согласите со нас дека овој комплет прави стандардните модели на Lexus да изгледаат некако недовршени и едноставни.
Двата комплети вклучуваат агресивни предни сплитери, како и екстензии на предните и задните лакови на тркалото. Исто така, постои редизајнирана задна решетка за големите покривни спојлери, кои се придружени со агресивни дифузери.
Според тимот на руската работилница, овие сетови се во согласност со OEM стандардите и сигурно ќе одговараат точно на споменатите модели. И на крај, мора да укажеме дека тие во никој случај не се евтини - Goemon за Lexus RX чини 9.800 долари, со испорака 2.150 американски долари, додека комплетот Kotaro за NX ќе ве чини 6.825 долари и дополнителни 1.950 долари за испорака.