Дали ова е најпаметната жена на планетата? Она што таа го прави, 99% од нас не можат ни да го замислат! Целиот свет внимателно го следи секој нејзин чекор
Лорен Санчез на 55 години стана главна вест во сите светски медиуми, и тоа само затоа што се мажи за најбогатиот човек на планетата, а нејзината моминска вечер беше вистински спектакл
Не постои поубава 55-годишна невеста на планетата Земја од Лорен Санчез! Потпишуваме! Можеби тоа ѝ го овозможиле парите, можеби напорниот труд во теретана, тешко дека е генетика, но никој не може да ѝ го оспори изгледот кој е за десетка.
Таа има бујно деколте, гради кои се спротивставуваат на гравитацијата, струк како кај дваесетгодишна девојка, коса до колковите и нозе затегнати како стрели.
Но, покрај совршениот изглед, Лорен Санчез има и ум. Да, добро слушнавте! Зашто само паметна жена може да „улови“ најбогатиот човек на планетата, да го натера да почне поради неа да вежба, да користи ботокс и да оди по неа како куче низ целиот свет, трошејќи пари што до тогаш не ги трошел ни за своите четири деца!
Лорен Санчез направи нешто што 99% жени во светот никогаш нема да го сторат: заведува богат, се свршува со него и сега ќе се мажи и ќе стане прва дама на Амазон, но пред тоа – организираше најдобра „моминска вечер“ во историјата на сите девојачки вечери.
Нејзината „моминска вечер“ трае веќе неколку дена и започна со лет во вселената со пет најдобри пријателки.
Потоа продолжи во Париз, каде што ги донесе своите пријателки (кои случајно се исто така неверојатно богати жени) со кои се дружи од најпрестижните хотели до најлуксузните јахти. Фотографиите обиколуваат низ светот, а ние не можеме да ги одлепиме очите од Лорен која секој ден покажува нов моден аутфит.
Така, во петок, на 16 мај, беше видена во свилена, тесна бела облека која имаше врвки од страните, кои благо се отвораа на бутовите покажувајќи ја нејзината потемнета кожа. Друштво ѝ правеа Кејти Пери и Ева Лонгорија.
Потоа Лорен облече топ и мини здолниште (!!) со цветен дезен од колекцијата на Оскар де ла Рента, која чини 2.290 долари. На тоа имаше дијамантско ѓерданче и големи дијамантски обетки кои го надополнија нејзиниот изглед.
„Вечното пријателство, опкружена со жени кои ме поддржуваа, го осветлуваа мојот пат во темни времиња и ми го обликуваа срцето“, напиша Лорен под црно-бела фотографија на која позира покрај Ким Кардашијан и нејзината мајка Крис Џенер.
Можеме само да замислиме како ќе изгледа нејзината венчаница што ќе ја носи на свадбата, а до тогаш гледајте ги нејзините најдобри моменти.
Џеф Безос не ги одвојува очите од неа, а таа суверено ќе биде најбогатата жена.
извор. Стил Курир