Дали парфемите треба да се ставаат на кожата или на облеката?
Парфемите денес се неизбежни и секој маж мора да има барем еден парфем кој ќе му помогне да мириса предизвикувачки и да остави подобар впечаток каде и да се појави.
Меѓутоа, проблемот кај парфемите е тоа што после нивното прскање, со време мирисот знае значително да изветрее.
Ова е најчеста појава кај поефтините парфеми кои многу брзо по ставањето го губат својот мирис. Скапите и квалитетни парфеми траат подолго, но и тие знаат после неколку саати да изветреат и да станат неосетни.
Затоа, мажите најчесто се прашуваат, дали парфемот треба да се става на кожата или подобра опција е да се става на облеката. Веднаш ќе ви одговориме дека ставањето парфем по облеката не е долготрајна опција и дека мирисот ќе се почувствува само ако сте многу близу до местото каде што сте ставиле парфем.
Одговорот е дека парфемот мора да се става директно на кожата, бидејќи парфемите се посебно направени и прилагодени за неа. Мирисот на парфемот реагира кога е во допир со топлината на телото и тогаш мирисот е поинтензивен, појак, но и долготраен.
Кога парфемот го ставате на облеката, ткаенината поголемиот дел од парфемот потполно го убива и мирисните ароми се задржуваат во самата ткаенина, кои подоцна неможат да се отстранат. Исто така, мирисите од ткаенината тешко се отстрануваат целосно, дури и после перење, особено ако станува збор за јакна или сако, ако директно ставате на нив парфем, накрајот ќе завршите со облека која има непријатна комбинација на мириси.