Дали песокот и морето се опасни за заразување од коронавирус?
Грчките експерти велат дека песокот и морето не се опасни за заразување од коронавирусот.
Поради сонцето и високите температури, вирусот дури и да се наоѓа на песокот не може да преживее.
„Оваа година е толку безбедно да се легне на песок, колку што беше лани и преклани, но и пред десет години“, вели професорката по морска микробиологија на Универзитет „Ејџиан“, Адамантиа Ефстратиу, додека пак професорката од Катедрата за океанографија и морска бионаука, од истиот Универзитет Рања Ѕораки, истакнува дека дури и на плажа потребно е да се држи неопходното растојание, јави дописничката на МИА од Атина.
За поставувањето плексиглас меѓу лежалките како можно решение за заштита на плажа, професорката Ѕораки вели дека „тоа е идеја што може дури да биде и опасна“, особено за малите деца кои додека си играат може да се удрат.Грција ги отвара границите од 1 јули.
За време на летната сезона под посебни услови ќе се одвива воздушниот и водениот сообраќај. Оние патници кои ќе патуваат со авион, ќе мора да седат на посебно обележани места, и на растојание.