Дали придушувачите навистина го прават пиштолот тивок?

Сигурни сме дека сте виделе во филмовите дека пиштолите со придушувач не прават бучава, но дали е тоа вистина?

Најдовме видео клип кој точно ни покажува колку тој всушност има влијание во намалувањето на бучавата од пукање. Значи, функцијата на овој додаток е да се намали бучавата, но кога ќе ставите придушувач на пиштол, или друго оружје, повторно ќе имате прилично гласно пукање, што веројатно ќе го слушнат сите околу вас.

Значи, одговорот на ова прашање е, ДА, придушувачот ја намалува бучавата, но не го замолчува пиштолот како во филмовите. Во филмовите, оние што го користат имаат целосно тивки пиштоли, додека во реалноста ситуацијата е различна, а видеото подолу го покажува тоа.