Колку и да сакате
да поминувате време со партнерот, не е лесно некој да ве ограничува во домот,
така што нервозата често пати избувнува во форма на кавги.
Ако се расправате
со вашата сакана личност почесто за време на изолацијата, може да помогне пет- минутното
правило за кое се зборува на Инстаграм од влијателната инфуенсерка Грејс Хазел,
а ги советува и мажите и жените.
Тоа е едноставна
вежба за комуникација, каде секој има пет минути да каже како се чувствува (без
да ја нападне другата личност). Грејс тоа го нарекува „ненасилна комуникација“.
"Ако сакате
да решите нешто, обидете се да го поставите алармот пет минути од моментот кога
сте зеле збор. Во тие пет минути, кажете ги вашите аргументи, забранувајќи и на
другата личност да ве прекине, вербално или со изрази на лицето. Откако ќе
истечат вашите пет минути, лицето кој слуша има пет минути да ви објасни што
слушнало од тоа што го кажавте. После тоа, партнерот добива пет минути да каже
што мисли “, напиша Грејс.
Таа објасни дека на овој начин можете „ненасилно“ да
преговарате, менувајќи ги улогите на секои пет минути, сè додека не стигнете до
точката каде сте се согласиле.
Посебно на мажите (па и жените ќе имаат што да видат) да го отворат нејзиниот Инстаграм профил... многу „жешка“ инфлуенсерка без влакна на јазик која отворено зборува за сексот