„МАЖОТ ЗНАЕ ДЕКА СЕ ПРОСТИТУИРАМ, А СÈ ПОЧНА ВО МАРКЕТ" Потресна исповед на Зорица: Плачеме заедно кога детето НЕ ГЛЕДА

Касиерка во еден од големите трговски ланци во Белград вели дека со платата не може да врзе крај со крај, сопругот ѝ е инвалид, а синот штотуку тргнал во училиште, па морала да најде „дополнителна работа“.

Во потресната исповед, Зорица М. (34) вели дека не гледа друг начин за опстанок освен овој кој, како што вели, под присила го одбрала. Таа додава дека нејзиниот сопруг знае со што се занимава навечер и ги затвора очите, бидејќи е свесен дека нема друг излез.

„Тоа не го правам затоа што го сакам, ниту затоа што сакам луксузен живот, автомобили, бунди или накит… Се занимавам со проституција поради синот и мажот – тоа ни е единствениот начин да преживееме“, вели Зорица.

Нејзиниот живот, вели, станал пекол кога мажот ѝ се повредил на работа и морал да оди во инвалидска пензија.

„Падна од скеле, ја повреди кичмата и целата заштеда што ја имавме ја потрошивме за барем да го кренеме на нозе“, раскажува таа.

„До тогаш живеевме скромно, но убаво. Бевме среќни. А потоа дојде сиромаштијата. Јас го изгубив моето работно место во една државна фирма што отиде во стечај, и морав да работам сѐ и сешто, додека не се вработив како касиерка во еден хипермаркет.“

Таму, вели, дознала дека постои начин за дополнителна заработка.

„Една колешка, млада жена како мене, по неколку месеци ми призна дека понекогаш се гледа со мажи по работа и така го надополнува семејниот буџет. Бев шокирана кога ми го кажа тоа. Но црвчето влезе во глава. Во тоа време бевме во сериозна криза – изнајмен стан, куп долгови, мало дете и потреба од лекарства за маж ми. Одлучив да му кажам сè и да побарам совет.“

На нејзино изненадување, сопругот се согласил.

„Цела ноќ плачевме заедно. Се прашувавме како дојдовме до ова. Потоа ги избришав солзите и утредента ѝ реков на колешката да ми префрли некој од нејзините 'клиенти' ако нема време. И така почна.“

Денес, Зорица вели дека има десетина мажи со кои редовно се гледа, и дека животот на неа и нејзиното семејство, барем финансиски, се променил на подобро.

„Да, срам ми е, мачно ми е, не уживам, но на тие мажи им давам сè што бараат – затоа што платиле. И постојано во глава ми е зошто го правам тоа. Кога ќе се извлечеме од долговите, ќе престанам. Барам подобра работа, но тешко е. Никој не сака да вработи „самохрана“ мајка на подобро платено работно место. Маж ми е најдобриот човек на светот. Никогаш ништо не ме прашува. Ни каде сум, ни со кого сум била. Само понекогаш заедно плачеме. Касно навечер, за да не нѐ слушне детето…“