Стил // Совети
Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?
Позната е како игра што најмногу буди спомени на детството. Се играше насекаде, секое сокаче, уличка или маало беше исцртано со шемата што инстиктивно ве тера да потскокнете и да го разбудите детето во себе. Секој можеше да ја игра, каде сака, беше потребно само рамна површина асфалт или плочник и креда.
Да, точно така, играта од детството на сите нас е плочка! Или царица, или кралица, куцана, дама или куцкамен. И тоа е точно. Од што се играше секаде и секој град ја имаше како своја, оваа игра секаде има различно име. Но, каде и да се играше секогаш и секој беше победник во оваа игра.
Само потскокнуваш по бројките, ја поместуваш плочката на следното ниво и полека но сигурно, стигнуваш до целта. Но, што е толку привлечно што ве тера и денеска да заиграте по бројчаната низа и да си ги испробате вештините. Едни од најдрагите спомени ни се од детството, сите копнееме по тие моменти на безгрижност и бескрајно задоволство. Пребаруваме по спомени, фотографии, се присетуваме на игрите, ги посетуваме маалата кај што сме растеле, повторно ги пробуваме истите вкусови кои сме ги сакале како деца. Таа моќ ја има и играта плочка, преку потскокнување на шемата може да ве врати во безгрижните детски денови, кога сите бевме на улица, во школски двор или на игралиште.
Плочка не само што ќе го разбуди детето во вас, туку и ќе ве натера да го земете вашето дете, да ја нацртате шемата и заедно да заиграте и потскокнете по плочката. Уште еден мал поттик е вкусот на чоколадно млеко што сите сме го пиеле како деца. Земете чаша чоколадно млеко Моја Кравица <https://bimilk.mk/proizvodi/moja-kravica/cokoladno-mleko-moja-kravica/> и чоколадно-млечниот вкус нека ве врати во детството за заедно со вашето дете уште еднаш да потскокнете по шемата. Создадете бесценети моменти на заедничка среќа со вкус што се памети.