Дали сме свесни за неговиот успех: Олимпискиoт шампион Дејан Георгиевски се врати со 2 златни и 2 сребрени медали

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски повторно нижи успеси. Иако поради повреда го откажа финалето и не успеа да освои трето место на официјални олимписки турнири Г1, овој спортски подвиг на Дејан со освоени 4 медали - 2 златни  и 2 сребрени  не е никогаш забележан во Македонија, и тоа за само два месеци и вкупно четири настапи на Г1.

Поради сериозноста на повредата финалето е и официјално откажано!

Од тимот на Георгиевски искрено се надеаат дека снимката на раката нема да покаже посериозна повреда која може да се одрази на натпреварите во иднина.

Инаку, Георгиевски е вице-шампион и момче кое во 2021 година на Олимпијадата во Токио го освои второто место, воедно важи за спортист кој досега на најдобар начин ја претставил Македонија во Олимписките спортови.


Фото:facebook