Дали сте слушнале за Умебоши: Поздраво од јаболковиот оцет
Оцетот Умебоши, древен еликсир што го користеле самураите - позитивно делува на варењето, го зајакнува желудникот и цревата, а еве кои се другите придобивки од неговото користење!
Многупати сме слушнале за позитивните ефекти на јаболковиот оцет врз здравјето, но малкумина знаат за јапонскиот оцет Умебоши, кој е и зачин и природен лек. Овој оцет сè почесто може да се најде на полиците на кујните ширум светот, како поради неговиот вкус, така и поради неговите здравствени придобивки.
Умебоши оцетот се подготвува со посебен процес на кисење умебоши, јапонски сливи и е храна која според верувањата самураите ја користеле во медицински цели. Умебоши е вид јапонска слива која по карактеристики е повеќе слична на кајсијата. Оцетот се добива така што се мешаат јапонските сливи со листовите шисо (јапонска коприва) и се комбинираат со морска сол. Овие состојки поминуваат низ едногодишен процес на млечна ферментација, поради што и вие ќе можете да уживате во придобивките од ферментираната храна доколку ја консумирате оваа храна.
Како оцетот Умебоши влијае на телото:
Антимикробни својства - Се користи при дијареа и го намалува ризикот од инфекции и бактерии.
Го контролира нивото на крвниот притисок - Мали дози од овој оцет користат луѓе со висок крвен притисок, бидејќи содржи помалку натриум од сол.
Корисно за варење - одличен за забрзување на метаболизмот, борбата против утринските мачнини и дигестивните проблеми.
Помага при нарушена работа на желудникот и го поттикнува варењето на храната и развојот на здрава цревна флора (корисни микроорганизми) - ги неутрализира штетните микроорганизми.
Помага при мамурлак.
Поттикнува детоксикација -го чисти телото од токсини, особено црниот дроб и го штити организмот од слободните радикали
Ја зголемува енергијата и делува против замор
Како да го користите оцетот Умебоши:
Служи како зачин за салати и супи, сосови, додатоци, а се користи и при подготовка на кисели краставички. При дигестивни проблеми може да се користи како пијалок, со тоа што една кафена лажичка оцет ќе се истури во чаша вода, се меша и се пие.
Забелешка: Консултирајте се со вашиот лекар пред да користите оцет за медицински цели!
Извор: sensa.mondo.rs