Дали сте за еден ХУМИДОР: Совршенство
Годишнините и родендените се секогаш забавни - во повеќето случаи, кога се обележани со бренд, фановите и клиентите се оние кои уживаат во максимум…
Токму ова е случај со бутикот Exquisite кој се наоѓа на амстердамскиот аеродром Schipol. Како што подразбира и неговото име, ова место е дестинација да се купат најдобрите и најретките цигари во светот. За да ја одбележат педесет годишнината од кубанскиот бренд на цигари Cohiba, познатиот бренд создаде ограничено издание, Vitola Cohiba 50 Aniversario humidor.
По изгледот, би рекле дека ова парче нè потсетува повеќе на антички куфер отколку на humidor, поради што е уникатен. Дали е ова најубавиот хумидор во светот? Па, оние што го видоа велат дека ги „обара од нога“. Тој е создаден од макасар абонос, сикамор и посебен вид кедар. И додека хумидорот изгледа ретро, тој всушност е доста модерен уред, овозможувајќи ви да ги следите условите на температура и влажност во него, преку телефон или таблет.
Навлажнувачот изгледа уште подобро однатре, како луксузен кабинет поставен со позлатен кубански тутун. Кога ќе се отклучи, ќе ги открие прекрасните цигари содржани во него, покрај додатоци како што е рачно изработено куќиште за цигари и пепелник направен со користење на истата техника што можеме да ја видиме во надворешноста, а украсена е со ерменски опсесијан.
Хумидор нуди уште еден додаток што ќе ви биде од корист, а тоа е патничката варијанта на хамидор што ќе ви помогне, каде и да одите. Цената е „само“ 379,000 евра.