Дали Трамп е на чекор на втор претседателски мандат: Објави дека победува
Се бројат стотици милиони гласови. Според податоците од медиумите, Бајден во моментов има 220 изборни гласови, а Трамп 213. Америка во фуриозна офанзива за претседател.
Доналд Трамп и` се обрати на јавноста, заблагодарувајќи им на милиони луѓе за поддршката.
„ Подготвени сме за голема прослава. Ние победивме насекаде. Подготвени сме да излеземе и да прославиме нешто толку големо, убаво и успешно … ова е рекорд “, рече Трамп, додавајќи дека победил во Тексас и Ајова. „ Победивме во Пенсилванија “, рече Трамп.
„ Сите оние држави што ги добивме вечерва… И одеднаш – што се случува? Знаете што се случува? Тие беа свесни дека не можат да го добијат тоа и сега ни рекоа да одиме на суд. Јас го велам тоа од самиот почеток. Тие ќе испратат десетици милиони гласови и ако не успеат да ги добијат, ќе одат на суд. Флорида беше победа, неверојатна победа, па Тексас, Охајо. И таму убедливо победивме “, рече Трамп, додавајќи дека не сака во 4 часот наутро, како што рече, да најделе гласови и да ги додаделе на списокот.
А, Бајден накратко им се обрати на своите приврзаници пред неговата куќа во Вилмингтон и тврдеше дека е на пат кон победата.
„ Чувајте ја вербата, ќе го добиеме ова“, им извика тој.
Бајден има најголеми надежи дека во три земји т.н. „синиот ѕид“, Висконсин, Мичиген и Пенсилванија, кој Трамп го освои во 2016 година, ќе дојде до пресврт.
Во Висконсин, Бајден има 47,4 проценти од гласовите на преброени 84 проценти од гласачките ливчиња, во Мичиген е на 44,6 (преброени 64 проценти), а во Пенсилванија на 42,2 (64 проценти). Постои тренд кај сите да се намали разликата со пристигнувањето на нови гласови.