Дали ви се врти во главата кога одеднаш ќе станете? Лекарот објасни зошто се случува тоа и на каква подмолна болест може да укажува

Д-р Џеф Фостер, општ лекар во ОК за „Дејли сан“, редовно одговара на прашањата на читателите и споделува бесплатни здравствени совети. Така, неодамна, загрижени читатели му се пожалиле на чести вртоглавици - чувство на вртење околу или во главата или губење на ориентацијата во просторот.

- Имам 45 години и секојдневно имам вртоглавици. Ако станам по долго седење, навистина ми се врти, едвај се држам на нозе. Што ми се случува?

Д-р Фостер се обиде да објасни колку е навистина опасна вртоглавицата и на какви здравствени проблеми може да укаже.

-Вртоглавицата може да биде многу непријатна, но навистина е симптом на основниот медицински проблем. Тоа може да биде предизвикано од нутритивни недостатоци, состојби на срцето и крвниот притисок, проблеми со хормоните или шеќерот во крвта, проблеми со увото, па дури и од болести поврзани со мозокот, рече докторот и додаде дека посетата на лекар е на прво место.

Научниците од Универзитетот во Калифорнија открија дека луѓето на кои често им се врти кога стануваат имаат 40 отсто поголем ризик од развој на деменција. Причината лежи во проблемот со низок крвен притисок кој се јавува кога ќе станете, покажа студијата спроведена на 2.000 луѓе во текот на 12 години.

Најголемиот проблем настанува кога зад воланот ќе седне лице со недијагностицирани симптоми. Како што кажа и самиот лекар, тоа може да предизвика сериозни последици и за возачот и за другите учесници во сообраќајот.

Фото. Фрипик

Извор: Ало.рс