Дали знаеме сѐ за Ивермектин? Ефекти и потенцијалните штети

Има одредени нешта кои треба сите да ги знаеме!!!

Истражувачите кои го тестирале лекот ивермектин како можен лек за COVID-19, забележаа ветувачки резултати во лабораториски студии.

Ивермектин е антипаразитски агенс кој се користи од 1980-тите за лекување и спречување на болести поврзани со паразити кај луѓе, домашни миленици и добиток и делува како парализа на без'рбетници.

Во Австралија, главно се користи локално како крем за уши и лосион.

Исто така се користи во форма на таблети за третман на инфекција со кружни црви и како третман на шуга и зголемено црвенило на лицето.

Иаку, Лекот Ерметин, односно, познат како Ивермектин од вчера е достапен во аптеките кај нас, информираа од Министерството за здравство (МЗ). Ивермектинот на производителот „World Medicine Ilac San.Ve.Tic“ од Турција, може да се набави во аптеките по одобрена малопродажна цена од 299 денари, велат од МЗ.

Тој може да се зема само со рецепт од матичен лекар или лекар специјалист и може да се употребува во домашно и болничко лекување. Исто така, тој може да се зема и превентивно, посочуваат од МЗ, но, како што додаваат, исклучиво со лекарска препорака, доколку лице било во контакт со ковид позитивен.

„Повеќе клинички студии кои ја евалуираат ефикасноста на Ивермектин кај пациенти со COVID-19 се во тек и/или нивните крајни резултати се уште не се публикувани во научни списанија, но прелиминарните резултати сугерираат дека Ивермектин има поволен ефект во профилакса на COVID-19 кај експонирани лица, како и во терапија на пациенти со лесна, средно-тешка и тешка клиничка слика“, стои во соопштението на МЗ.

Министерот за здравство, Венко Филипче, порача дека лекот треба да се зема само со препорака на матичен лекар.

Кои се несаканите ефекти и потенцијалните штети?

Кога се администрира во препорачаната доза, ивермектинот генерално добро се поднесува. Некои од најчестите несакани ефекти вклучуваат дијареја, гадење, вртоглавица и поспаност.

Поретки се недостаток на енергија, болки во стомакот, запек, повраќање, треперење, осип и чешање.

Како може ивермектинот да го третира КОВИД-19?

Лабораториските податоци на научници од Универзитетот Монк и Институтот Доерти покажуваат дека лекот е способен да спречи репродукција на САРС-КоВ-2, вирусот што предизвикува КОВИД-19.

Исто така, се покажа дека ивермектинот запира размножување на други вируси (како што се ХИВ, денга, грип и Зика), барем во лабораторија.

Сè уште не е целосно јасно како точно работи, но се чини дека ги запира процесите што им овозможуваат на протеините да се движат внатре во вирусот. Овие протеини нормално би ја потиснувале антивирусната реакција на организмот, дозволувајќи му на вирусот да се размножува и интензивира инфекцијата.

Со ригорозни клинички испитувања кај луѓе кои биле изложени на инфекција со КОВИД-19 се констатира дека е безбеден за употреба.

Лабораториски студии сугерираат дека ќе бидат потребни повисоки концентрации на лекови над стандардната доза за да имаат антивирусна активност. Затоа е многу важно да се следи безбедноста на луѓето како не би била доведена во прашање.

Позитивно е тоа што употребата на лекови како што е ивермектин како потенцијален лек за COVID-19 е идеален затоа што може брзо да се префрли на клинички испитувања, бидејќи веќе знаеме дека е безбеден за употреба кај луѓе во моментално препорачаните дози.

Фото: WSB- tv

Извор: Стил курир