Дали знаете: Целулит може да се појави и кај мажите

Целулитот е состојба која се гледа во точкестиот изглед на кожата или популарно кажано како изглед „портокалова кола“ на поединечни регии на телото. Владее мислење дека оваа состојба се јавува само кај жените, но тоа не е вистина. Кај жените е само повпечатливо, бидејќи се појавува на горниот дел на телото и бутовите, а кај мажите на помалку забележливи места.

Оваа текстура на кожата, која е карактеристична за целулитот, се појавува поради присуството на мастите кои се акумулираат под кожата, а се врзуваат за сврзното ткиво.

Целулитот обично се врзува на кожата на жените, затоа што женскиот хормон естроген стимулира складирање на поткожните масти. Со многу пониско ниво на естроген, мажите имаат потенок слој на поткожни ткива и со самото тоа помали се шансите за појава на целулит, но сепак 3% од машката популација има целулит.

Масните наслаги кај мажите воглавно воглавно се акумулираат во пределот на абдоменот и над половината, а тоа се всушност местата на кои се појавува целулитот кај мажите, а целна група најчесто се покрупните мажи.