ДАЛИ ЗНАЕТЕ: Како кафето го подобрува тренингот?

Се повеќе луѓе пијат кафе пред да заминат на тренинг, а еве и зошто..

Кафето е дефинитивно омилениот пијалок на цел свет, а главната причина за тоа е што во себе содржи коефеин кој ни дава дополнителна енергија и кој не расонува. Меѓутоа, многу го поставуваат прашањето, дали е кафето добро за пред тренинг? „Journal of Applied Physiology“ спроведе едно истражување токму на оваа тема. Целта на истражувањето е да се испита воопшто користа на кафето, но и неговата вредност кога се во прашање тренинзите.

Утврдено е дека кафето и тоа како позитивно влијае на вашиот тренинг и ви овозможува да бидете активни, експлозивни, енергични и издржливи. Кафето особено добро се покажа кај оние луѓе кои тренираат во теретана и оние кои пиеле кафе пред да заминат на тренинг имале 40% подобра реализација во теретаната.

Резултатите покажале дека личностите кои конзумираат кафе пред тренинг остваруваат многу подобри резултати и дека вежбите и режимот на тренинг го поднеле многу подобро. Меѓутоа, не е само до користа на кафето. Оние кои пијат кафе имаат помал апетит и помала желба за храна, што им помага да се изборат со вишокот на килограми.

Единствената маана на овој напиток е што е диуретик, што значи дека ја исфрлува водата од телото, па задолжително ќе мора да носите вода со себе, додека тренирате и мора да се хидрирате за вашето тело да биде посилно.