Се повеќе луѓе признаваат дека се сиви сексуалци: Дали знаете што значи тоа?
Фото: Инстаграм/love_.making_
Се повеќе луѓе на социјалните мрежи признаваат дека се graysexuals,
во слободен превод сиви сексуалци.
На видео неодамна објавено од BuzzFeed, неколку луѓе зборуваа за асексуалноста и сиво-сексуалноста, а многу читатели првично не разбраа што всушност значи сива сексуалност или сива асексуалност.
Терминот се користи за да се однесува на луѓе кои имаат ограничена сексуална привлечност. Со други зборови, тие доживуваат сексуална привлечност многу ретко или со многу слаб интензитет.
Сиво сексуалните луѓе се некаде помеѓу асексуалци и алосексуалци. Ова произлегува од идејата дека сексуалноста не е црно-бела, туку постои и „сива зона“ во која спаѓаат многу луѓе.
Се поставува прашањето дали луѓето кои што се сивосексуалци се едноставно оние луѓе кои имаат ниско либидо?
Не се.
Хитлин ја објаснува разликата помеѓу намаленото либидо и сиво сексуалноста.
Либидото се однесува на чувството на потреба од секс со цел да се почувствува сексуално задоволство и сексуално ослободување. Од друга страна, сексуалната привлечност се однесува на чувството дека ве привлекува одредена личност и сакате да имате секс со него. Асексуалните и сиво сексуални лица може да имаат високо либидо, а сексуалните луѓе може да имаат ниско либидо.
Извор: index.hr