Дали знаете зошто логото на брендовите за облека секогаш стои на левата страна?
Логото на моден бренд или марка е нешто што ја прави облеката што ја носите препознатлива, а за жал во денешното модерно време, таа стана и статусен симбол.
Како и да е, интересно е што логото на брендот е секогаш на левата страна на облеката, а исклучок се големите обележја низ целото парче облека.
Како објаснуваат експертите за маркетинг, логото на брендот е на тоа место затоа што е најимпресивно таму.
Студиите покажуваат дека кога се ракуваме со некого, прво ја разгледуваме нивната лева страна, затоа што десната рака ни го покрива десниот дел од градите.
Во не толку далечнотото минато, пред да постојат ознаките на брендовите, имало воени ордени, беџови и брошеви кои исто така се носеле од левата страна. Тогаш тоа беше поврзано со страната на која се наоѓа срцето.
Кога ќе погледнете скоро во сите портали, нивните имиња и лого се секогаш во горниот лев агол, а главната причина е што луѓето во западниот свет читаат и пишуваат одлево надесно, пишува Тузлански.ба.
Според студијата на групата „Нелсен Норман“, заклучено е дека корисниците повеќе ги паметат брендовите кога логотиповите се поставени од лево, отколку од десно.