Дали знаевте дека возењето велосипед е подеднакво корисно како за физичкото така и за менталното здравје
Брзиот начин на живот, секојдневните работни обврски и останатите општествени влијанија, константно го намалуваат времето на оддржување на физичка активност. Во текот на денот сѐ помалку се движиме бидејќи патуваме на работа и се враќаме дома, седејќи во автомобили или јавен превоз, сѐ повеќе работиме на компјутери и живееме во виртуелниот свет преку мобилни телефони. Последиците од намалената физичка активност сѐ актуелни и кај младата популација. Многу од нив имаат здравствени проблеми со грбот, вратот и колената и секојдневно се под голем стрес кој генерира многу физички и психички проблеми.
Бројни студии покажуваат дека повеќето болести и тешкотии може да се спречат со движење или одредени физички активности, како трчање, планинарење, возење точак и слично. Некои витални функции како што се дишењето, внесувањето храна и спиењето може да се заменат вештачки, но за движењето нема замена. Ако сакаме да го подобриме нашето здравје, треба да одвојуваме најмалку 20 минути вежбање- секој ден.
Возењето велосипед е една од ретките спортски активности што може да се прилагодат на животниот стил и навиките на човекот. Тоа ја подобрува издржливоста на организмот, а позитивно влијае и на респираторниот и циркулаторниот систем.
Новата колекција на познатиот македонски бренд МАХ, нуди голем избор на велосипеди дизајнирани со многу труд и љубов од страна на врвен тим на македонски дизајнери.
На https://max.com.mk/ може да го пронајдате идеалниот градски велосипед, но и велосипед за планина- за жени, мажи и деца.
Кога купувате велосипед, најважниот чекор е да ја одредите намената на велосипедот и големината. За рекреативците, удобноста е најважна, додека оние кои сакаат брзи трки, се водат по важното правило дека при возење може да се искористи целата енергија и сила, а тоа се постигнува само ако се избере велосипед со вистинска големина.
Во колекцијата МАХ велосипеди за 2022, брзо и едноставно ќе го пронајдете омилениот велосипед кој се прилагодува на вашиот стил и потреби.
Велосипедизмот во светот, долго време е начин на живот, а позитивно е тоа што и кај нас граѓаните интензивно го користат велосипедот како превозно средство и средство за релаксација и уживање. Тоа е важно како за здравјето на личноста, така и зазаштита на животната средина.
Затоа, одлучи се за здрав начин на живот- Одбери го твојот МАХимално добар велосипед на https://max.com.mk/distributeri/?fbclid=IwAR065a3AKUYWIgfhMqPZ9aFssn33FSNmVWmvZpP7lPh_VWVeksv1uJMlpf0 и Вози Мах.
ПР објава