Спорт // Спорт
Данска го одреди градот каде ќе ја пречека кошаркарската репрезентација
Првиот натпревар од вториот кртуг од претквалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година нашата машка сениорска репрезентација ќе го одигра на 25.август во градот Нествед.
Домаќинот на оваа средба, националната федерација на Данска одреди првиот меч од нашата квалификациска група да се игра во овој град кој е 70 километри одалечен од Копенхаген
Арена „Нествед“ е со капацитет од околу 3.000 места, а во неа, данската репрезентација ги играше и дуелите против Норвешка и Косово во првата претквалификациска фаза за Европското првенство.
Инаку, веќе се пуштени во продажба и билетите за овој натпревар. Цената на влезните билети за овој меч се движат од 780 до 1.400 денари (95 до 170 дански круни).