Деца со ментални потешкотии врзани за радијатори: Оставени сами на себе
Претставничка на Претставничкиот дом на парлементот на Федерацијата БиХ, Сабина Чудиќ, вчера на прес-конференција објави вознемирувачки фотографии од деца и тинејџери кои се со ментални потешкотии и кои се згрижени во Заводот за згрижување во Пазарич, близу Сараево, БиХ. Деца кои би требало да бидат под посебна заштита, а тие биле изложени на тешки злоупотреби, предупреди Сабина Чудиќ.
Чудиќ објави вознемирувачки содржини, кои се направени во Заводот, а на кои децата се гледа дека се врзани за радијаторите и креветите, некои од нив со раце врзани позади грб, со видливи траги од физичка злоупотреба, на една од фотографиите се гледа дека и едно од децата се измочало во гаќи и стои така, никој не му помага.
Според Чудиќ и фотографиите кои ги обелодени пред јавноста запуштени се и просториите во кои престојуваат.
Претставничката побара итно Парламентот да спречи понатамошната злоупотреба на овие деца.