Дефинитивно еден од најдобрите на Армани: пафемот Emporio Armani Stronger With You Absolutely.

Парфемот секогаш не носи на тоа слатко поле меѓу соништата и реалноста. Затоа изберете го внимателно, а ние ви даваме инспирација која сигурно ќе ве доведе до вистинското решение.

Armani House го лансираше машкото издание на парфемот  Emporio Armani Stronger With You Absolutely. во 2021 година. 

Беше најавен како најсилниот мирис на оваа колекција, сензуален, страстен и заводлив. Ориенталната парфемна вода се потпира на класичен фугер состав, проширен со овошно-цветни елементи, со задржана дрвена основа. Составот на мирисот започнува со акорд од рум, пенлив бергамот и смолеста елемија во горната нота. Во срцето доминира дивата лаванда од југот на Франција. 

Новото шише со препознатлив капак има внатрешност во боја на рум.