Дејан Георгиевски атакува на златен медал на ЕП во Манчестер, херојот од Олимпискити игри денес на борилиштето

Дејан Георгиевски денес  го започнува патот кон медал на Европското првенство, македонскиот спортски херој од последните Олимписки игри, денес во 12 часот ќе го има својот прв настап во Манчестер, Англија. 

Георгиевски патот кон медалот го започнува од  четвртфиналната фаза, а ќе се соочи со подобриот од дуелот Милош Пилиповиќ (Норвешка) и Паско Божиќ (Хрватска).

Со триумф ќе обезбеди полуфинале и  бронза, но целта е злато.