Дејан Георгиевски одличен, ново злато за македонскиот спортски херој

Македонскиот спортски херој, Дејан Георгиевски со две убедливи победи, во финалето го демолираше олимпиецот и медалист од СП Иван Трајковиќ од Словенија, освои злато на Г2 турнирот во Албанија.

Георгиевски покажа екстра класа, имаше супериорен настап, и убаво чекори кон ЛОИ Париз 2024.

Филип Додевски со две ефективни победи, стигна до финале,  и во  исклучително тесна борба беше поразен во финалето од Сулејманов Азербејџан.