ДЕЈВИД БЕКАМ ИМ ОДРЖА ЛЕКЦИЈА НА МАЖИТЕ: Со еден потег! Не е ни чудо што е во брак со Викторија 23 години
Дејвид и Викторија Бекам на почетокот на јули ја прославија 23-годишнината од бракот. Тие двајца заедно уживаат во летниот шарм, а ја воодушевуваат јавноста со своите фотографии.
Судејќи по фотографиите, нивната љубов сè уште цвета. Викторија сподели емотивна порака на нивната годишнина, давајќи им до знаење на сите дека нивната љубов никогаш не била посилна.
"Велат дека не е смешен, велат никогаш не се насмевнувам, рекоа нема да издржиме. Денес славиме 23 години брак. Дејвид, ти си моето се, те сакам многу" - напиша Викторија.
Во бракот имаат четири деца. Нивниот син Бруклин Бекам неодамна се ожени, а Викторија и Дејвид се очекува наскоро да го дочекаат своето прво внуче.
Оваа година парот помина неколку дена во Хрватска, каде што остана на островот Лопуд, а потоа го продолжија патувањето во Италија.
Бекамови моментално уживаат во Франција, во познатото летувалиште Сен Тропе, додека папараците уловија неколку фотографии, од кои една особено привлече внимание. Имено, Дејвид ја зел својата сакана во раце и ја однел до бродот на кој подоцна запловиле.
Со тој гест покажа колку навистина е џентлмен и зошто Викторија е лудо вљубена во него.
Викторија и овој пат го покажа своето прекрасно тело, се одлучи за тесен бел фустан кој лесно го покриваше нејзиното тело.
Фото. Profimedia