Декември критичен за Македонците: И се земаат и се разведуваат
Постојат различни причини за стапување во брак и исто толку причини за развод.
Во нашата земја, и
склучените бракови и разводите за 2018 година варираат за разлика од изминатите
години. Токму последните податоци од Државниот завод за статистика на
Македонија, за 2018 година (за 2019 година податоците се во изработка) го има одговорот.
Па така, бројот на склучените бракови во 2018 година, изнесува 13 494 склучени брака. Најмногу бракови, 1 665 или 12.3 % се склучени во месец август, а најмалку, 738 или 5.5 % во месец март. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.0 % за жените и 91.8 % за мажите. Во втор брак со учество од 7.7 %, и во трет брак со учество од 0.5 % во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.
Во 2018 година, најголем број бракови, 4 446, се склучени кај жените на возраст од 25 до 29 години или 32.9 %. Според возраста, и кај мажите најголем број бракови, 4 999 или 37.0 %, се склучени во истата старосната група од 25 до 29 години. Просечната возраст при склучување прв брак е 26.9 години за невестата и 29.6 години за младоженецот.
Бројот на разводи во 2018 година изнесува 1 620 разведени бракови. Најмалку бракови, 63 или 3.9 %, во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу, 172 или 10.6 %, во месец декември. Според траењето на бракот, најголем број разводи, 322, се случиле од 5 до 9 години по склучување на бракот.
Или изразено преку табели:Н.Т.