Спорт // Спорт
Дел од календарот за 2020 на Наполи: Елмас и македонското знаме главни
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас игра за клубот Наполи. Неговиот матичен клуб го објави клупскиот календар за новата претствојна година, во кој свое учество земаа фудбалерите.
Во видеопромоцијата под мотото „Еден град, еден клуб, еден свет“ која ја споделија на Твитер профилот на клубот, се појавуваат девојки кои преку фустани ги симболизираат знамињата на државите од кои доаѓаат фудбалерите. Па така, една девојка носи фустан кој го симболизира македонското знаме, а до неа позира нашиот репрезентативец.
One City, One Club, One World - Calendario SSC Napoli 2020.
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) December 12, 2019
In edicola con il Corriere dello Sport - Stadio.#OneCityOneClubOneWorld #CalendarioSSCNapoli2020 pic.twitter.com/VMT0oNVphV