Деми Мур и нејзината ќерка: Едната не сакала секс во тројка, другата за суровоста во сексот
И двете предизвикаа хаос со своите изјави неодамна. Имено, холивудската актерика Деми Мур беше во брак со Качер од 2005 до 2013 година, а по разводот изјави дека и треба сила да се избори со последиците од неговото однесување.
Актерката изјави дека сè уште има трауми од бракот со актерот Ештон Качер .
Таа вели дека Качер ја изневерувал и ја принудувал на секс во тројка, нешто на што се согласи иако не сакаше.
Може да му докажам колку можам да се забавувам, но знам дека беше грешка. Беше толку понижувачко и одвратно, сè уште имам трауми од нашата врска - изјави Деми Мур.
Само неколку дена по оваа изјава, Румер Вилис, 32-годишната ќерка на актерите Брус Вилис и Деми Мур, конечно проговори за суровоста на своето прво сексуално искуство.
Откри дека во тоа време била тинејџерка и дека од денешна перспектива верува дека нејзината одлука не била вистинска, со оглед на тоа што го сторила тоа со многу постар маж.
Тоа денес е болна тема за неа, бидејќи сега гледа сосема поинаку на тој настан и како што вели иако не го спречила, сепак не рекла ни да, само едноставно дозволила да се случи и поради тоа не е горда на сето тоа.