Демири: Подобри сме, поквалитетни, тоа ќе треба да го покажеме на теренот против Балкани

Шкупи в четврток го пречекува косовски Балкани, плејоф меч за пласман во УЕФА Конференциската лига.

Бесир Демири смета дека Балкани е сериозен противник, но Шкупи има амбиции да ја искористи шансата, а има и поголем квалитет.

„Го анализиравме ривалот, мислам дека сме поквалитетни од Балкани, поспремни сме и подобри, ќе видиме што ќе се случи на теренот. Убеден сум дека нема да ја пропуштиме оваа шанса, бараме поддршка од нашите верни навивачи „Шверцери“, ќе направиме се, на крајот да ја оствариме целта, пласман во групната фаза на Лигата на конференции – рече Демири.

Натпреварот меѓу Шкупи и Балкани е закажан за утре во 21:00 часот.