Демонстрантите ја истрижаа и офарбаа градоначалничката: Сакаа да се одмаздат
Винто - Граѓаните на Ла Паз, незадоволни од ситуацијата во Боливија, излегоа на улиците низ државата за да протестираат против акутната влада.
Како главна причина за протестот, демонстрантите ја наведоа наводната нерегуларност на изборите на кои победи Ево Моралес.
Покрај Ла Паз, најдинамично беше во Винто, каде граѓаните ја нападнаа градоначалничката Патриција Арче, која беше извлечена на улица, ја посипаа со црвена боја, а потоа и ја исекоа косата.
Винту, град со 60.000 жители, е преплавен со маскирани луѓе кои го опустошија градот со стапови.
Градоначалничката Арче, член на владејачкото Движење за социјализам, гја чекаа антивладините демонстранти додека излегуваше од зградата на владата. Тие ја обвинија дека регрутирала приврзаници на владата на Моралес и ги довела во градот за да ги расипат протестите, пренесуваат странските медиуми.
Нападот врз градоначалникот Арче беше осуден од претседателот Ево Моралес и потпретседателот Алваро Гарсија, велејќи дека е кривично дело демонстрантите да малтеретираа жена, и дека Боливија се соочува со она што го карактеризира како нов бран фашизам.
На протестот загина и еден млад човек, трета смрт од 20 октомври, кога се одржаа изборите.
За потсетување, Ево Моралес е на власт од 2006 година и го продолжи мандатот на 20 октомври. Лидерот на опозицијата Карлос Меса ги опиша изборите како „монументална измама“.