Денес слави роденден: Ова нешто кое сите го знаеме е забрането на трпезата на Кралицата Елизабета

Таа полни 95 години. Најстариот монарх во историјата на Велика Британија. И се уште е во добра кондиција. 

А, можеби овие нешта кои ги отстрани се тајната на нејзината долговечност, иако за нив се смета дека се многу здрави.

Кралицата Елизабета Втора забрани одредени видови храна и тие нема никогаш да се најдат на кралската трпеза. 

На кралското мени нема морски плодови, а причината е страв од труење со храна. Британската кралица го забранила и лукот.

„Никогаш не смеевме да служиме нешто со лук или премногу кромид“- рече Дерен Мекгрејди, поранешен готвач во Кралството.

Џон Хигинс, друг поранешен готвач во Кралството, кој некогаш готвеше за нејзиното височество, посочи:

„Кралицата на Велика Британија е навистина прекрасна дама. Британското кралско семејство се навистина прекрасни луѓе. Но, тие пропуштаат да го вкусат вкусот на лукот. Ова е затоа што, во Бакингемската палата едноставно не можете да готвите со лук. 

А Мекгрејди додаде дека кралското семејство забранило и скроб. Тестенини, компир и ориз се исто така состојки кои нема да се најдат во чинијата на кралицата. 

Кралското семејство не практикува да пие вода од чешма поради можноста во неа да има присуство на бактерии.

Фото: Filosof