Денис е еден од најголемите измамници на светот: Жените земаат кредит за да платат 2 часа кај него, еве со што се занимава
Денис Бајгужин од Русија ги нарекува „питачи“ мажите кои заработуваат помалку од 3.000 евра месечно, а тој ги „учи“ жените ширум светот како да ги заведат богатите
Тренерот за заведување Денис Бајгужин им е познат на многу Русинки. Автор е на курсеви за фаќање богати, а славата ја стекна во Русија, а сега кариерата ја продолжува во Обединетите Емирати.
Имено, Денис ги учи жените како да фатат милионери, да ја менуваат својата судбина, да обезбедат стабилност и среќа.
Сето ова можеби ќе беше добро доколку Денис не беше уапсен во февруари оваа година поради неплаќање данок. За да избегне затвор, тој пребегнал во Обединетите Емирати и таму продолжил со „тренингот“.
Впрочем, Дубаи е полн со жени кои сонуваат за тивка семејна среќа со Бентли и вила покрај море, а за тоа се подготвени да му платат на Денис за да ги научи како да го препознаат „вистинскиот маж“.
Денис сигурно знае како да ги натера жените да фатат милионери и да престанат да живеат со „просјак“. За него питачи се сите мажи кои заработуваат помалку од 3.000 евра месечно.
"20% од мажите во светот се богати, успешни луѓе. 80% се обични просјаци. Ако имате глава, протреси ја. Ако го прашате тој обичен просјак како да се збогати, тој ќе ви каже "не знам“. Но, ако пријдете на некој претприемач или мене и ме прашате како да се збогатите, ќе ви кажам дека има најмалку триста начини“, вели Денис.
Денис можеби знае како да се збогати, но дали знае како да остане надвор од затвор? Ако се врати во Русија, му се заканува живот зад решетки поради пријавата на повеќе од 10 жени кои го обвинија за измама.
Неговиот курс чинел околу 3.000 евра и ветувал дека жената ќе научи како да заведе богат маж, да го натера да дава скапи подароци и како да најде семејна среќа кај него. Сепак, пред да го научи ова, Денис ги терал жените да излезат од нивните „комфорни зони“.
„Девојките кои ја поминаа оваа фаза од курсот рекоа дека ги соблекол голи, боси, без телефони, без пасоши, а потоа ги испраќал од едната страна на градот на другата страна на градот. Тој практикувал и бизарни ритуали кои вклучуваат да се мачкаат со пилешка крв, да лежат во ковчег итн“, вели добро упатена личност.
Жените најчесто земале заеми за да го платат овој курс, што гарантирало радикална промена во нивниот живот. И нивните животи навистина се променувале, но не на подобро.
Во рок од една година, ако се придржувале до курсот на Денис, главно останувале без пари.
И додека Русинките го тужат, Денис го живее високиот живот во Дубаи, убедувајќи ги жените на ист начин дека само тој знае да ги фатат мажите.
Колку овој човек е „способен“ говори податокот дека до сега работел во полиција како приватен детектив, успеал да ја одлежи казната за измама, а потоа заминал на религија. Бил член и косопственик на Црквата на евангелистичките христијани, ги советувал луѓето за семејните односи, но вистински пари заработувал само како секс гуру.
извор: курир.рс