ДЕТАЛЕН ПРИКАЗ НА ДЕЈСТВОТО НА ВИЈАГРА: Еве што се случува со вашиот пенис по земањето на лекот - од минута во минута
Импотенцијата не е нешто за што сите со задоволство зборуваат. Кога ќе се појави овој проблем, несомнено го погодува секој пар. И верувале или не, тоа е почеста отколку што мислите. Повеќе од половина од мажите на возраст меѓу 40 и 70 години се борат со еректилна дисфункција. Дејството на вијаграта е добро познато. Станува збор за пилула по која многу мажи прибегнуваат кога ќе забележат проблем со постигнување на ерекција. Нејзиниот конечен ефект е јасен, но знаењето за целиот процес од почеток до крај е прилично ограничено. Па, еве што лекот, медицински познат како Силденафил, навистина му прави на пенисот од минута во минута.
Првите 12 минути
Лекот брзо се апсорбира во телото и многу пациенти го чувствуваат неговиот ефект, односно постигнуваат ерекција во рок од 12 минути, што всушност е добра вест.
По 27 минути
Логично, ако дејството не започнало во првите 12 минути, ерекцијата секако треба да се случи во рок од половина час по нејзиното преземање. Според истражувањата, просечното време потребно за работа на таблетата е 27 минути. Но, лекарите велат дека нема потреба од паника дури и ако ништо не се случи тогаш. На некои им треба малку подолго, дури и до еден час.
По 57 минути
Ова треба да биде клучната точка за да функционира вијаграта. Треба да поминат приближно 50 минути за да се достигне максималниот потенцијал. Тоа е моментот кога лекот достигнува највисока концентрација во крвта и затоа е логично кога лекарите советуваат да се зема еден час пред сексот. Според студијата, ерекцијата може да трае од 33 минути до еден час.
По четири часа
Можно е уште четири часа по земањето на таблетата да сте во можност да водите љубов, иако ефектот нема да биде толку добар како на почетокот бидејќи тогаш лекот полека се ослободува од телото. Поточно, потенцијата на вијаграта се намалува за 50 отсто по четири часа.
По 10 часа
Дури и тогаш, некои мажи се способни да постигнат ерекција, и тоа прилично добра - јачина отприлика колку два часа по земањето, покажа студијата.
По 12 часа
Верувале или не, некои сепак можат да имаат секс, но просечното времетраење на ерекцијата за време на сексуалниот однос во овој момент е 16 минути. Така нема да издржите долго.
По 24 часа
Па, сега навистина е готово. По еден ден лекот целосно исчезнува од крвотокот, а со тоа и секоја шанса за секс. Подобра среќа следниот пат!