Детали за прославата: За 40-тиот роденден на Меган Маркл, Опра Винфри ангажираше организатор за прослави

Популарната Опра Винфри стана блиска пријателка со принцот Хари и Меган Маркл, па затоа го препорача парот на врвниот организатор и планер за забави Колин Коуви. Тој ќе ја организира прославата на 40 -тиот роденден на Меган Маркл.

Одамна е познато дека Меган го прослави својот роденден со спектакуларни забави, а една од најлуксузните беше по повод раѓањето на нејзиниот син. 

View this post on Instagram

A post shared by Colin Cowie Lifestyle (@colincowielifestyle)


Тогаш леташе со приватен авион за Њујорк, каде што организираше забава за нејзините блиски пријатели во познатиот хотел „The Mark“, а на списокот на гости беа Опра Винфри, Амал Клуни и Серена Вилијамс. Прославата чинеше околу половина милион долари.

Со текот на времето, забавите станаа поскромни, обележани во кругот на семејството, бидејќи двојката ги напушти кралските должности, така што буџетот е поскромен.

View this post on Instagram

A post shared by Colin Cowie Lifestyle (@colincowielifestyle)


Прославата на 40 -тиот роденден на Меган Маркл е планирана во семејниот дом на парот во Санта Барбара, во луксузниот двор на вилата.

Меган скромно ги прослави последните два родендени со своето семејство. Останува да видиме дали некој од кралското семејство ќе гостува на прославата.


Фото: Инстаграм/sussexroyal