Детали за разводот на Силвестер Сталоне: Еве што побарала Џенифер
Сопругата на Силвестер Сталоне беше видена во близина на
имотот со нејзината ќерка по веста за нивниот развод, избегнувајќи ги печатот и
непријатните прашања. Според странските медиуми, таа има посебни барања за време
на бракоразводната постапка.
Веста дека актерот Силвестер Сталоне се разведува од сопругата, поранешната манекенка Џенифер Флавин, минатиот викенд ја погоди јавноста како бомба.
Сопруга на Сталоне е видена со нејзината ќерка како влегува во имотот на Палм Бич, двете носејќи очила за сонце. Избегнувајќи ги новинарите, тие не сакаа да одговараат на прашања, а чуварот на имотот го потврди тоа велејќи дека „нема да има комуникација“.
Во барањето за развод, Флавин бара користење на комплексот со 7 спални соби и 10 бањи додека се чека разводот, што го спречи актерот да влезе во резиденцијата, која е доста луксузна и има приватна плажа, пристаниште и куќа за гости.
Таа, исто така, побара да се заштити нивниот заеднички имот, тврдејќи дека актерот „трошел и го исцрпува брачниот имот“ што негативно влијаело на финансиската состојба на славната двојка. Веста за разводот одекна откако беше забележано дека славниот актер ја покри тетоважата на својата сопруга со нова тетоважа на куче.