Детаљ на кој ретко кој се сеќава: Со кое име Здравко Чолиќ се претставуваше на почетокот на кариерата?
Тогаш снимаше песни и на германски и на англиски јазик...
Пејачот Здравко Чолиќ е еден од најголемите заводници и шармери на Балканот, за кој се поврзани бројни анегдоти и приказни кои со години кружат, но еден детаљ за пејачот ретко кој го знае и тој е самите почетоци на неговата музичка кариера.
Имено, уште од далечната 1974 година Здравко имал голема желба да стане позната светска ѕвезда, па потпишал договор со музичката куќа „WarnerBros Records“ и снимил неколку песни, односно мини - плоча за германското говорно подрачје.
Поради тоа, логично било дека и неговото име требало да се прилагоди, па така Здравко, станал Дравчо (Dravco).
Освен на германски, Здравко пеел и на англиски јазик и тоа во 1987 година, која го издал диско синглот „Light Me - I'm Not a Robot Man“.
Сепак, светската кариера ја заборавил откако со своите синглови ја освоил Југославија, а сето она што се случувало потоа е историја.