Детска новогодишна забава со најубавите празнични филмови само на Gley!

Предновогодишно, филмската забава добива на тежина. Во семејна атмосфера со пуканки, чај, топло ќебе и украсена елка, претворете ја вашата дневна соба во омилено кино за најмалите. Но, не само децата, честопати и ние возрасните сакаме да уживаме во цртани филмови кои не опуштаат и потсетуваат на детството.

Божиќната магија на Gley пристигнува со декември, а еуфоријата трае и во зимскиот јануари.Празниците се за време поминато со семејството, време кога сме дома, кога уживаме со најблиските. Дел од таа атмосфера се токму божиќните филмови со кои си ги разубавуваме вечерите.

Најдобрите ТВ моменти нека започнат со смејната драма Blizzard-Виулица, интересна приказна за пријателството меѓу десетгодишната Кети и еден од најмладите ирваси на Дедо Мраз. Кети ја остварува својата желба да стане лизгачка, но незгодите почнуваат кога еден друг мал лизгач се преселува со семејството во големиот град.

Најнеобичната мечка што некогаш сте ја сретнале Bernard Бернард, изнудува насмевки на вашето лице.Тој е симпатичен, спонтан, смешен, заглавува во непредвидливи ситуации, прави грешки, никогаш не му оди сѐ според план и никого не остава рамнодушен.

Анимираниот The Snowman-Снешко, не враќа неколку години наназад исполнувајќи ги срцата со топла приказна за едно младо момче и неговиот Снешко со зелено капче и шал кој оживува кога сите спијат. Необичниот Снешко и љубопитното момчето тргнуваат во потрага по Дедо Мраз.

Приказната на Снешко продолжува соThe Snowman and the Snowdog -Снешко и снежното куче,  сред ноќ, фигурите од снег оживуваат и заедно со момчето заминуваат во еден магичен свет.

Неверојатна забава за најмладите пружаат Little people-Малечките човечиња. Во 104 епизоди Еди, Теса, Миа, Коби и Софи патуваат со вашите деца на местата каде детската фантазија нема крај и од каде секогаш се враќаат со нови знаења.

Новогодишна магија децата може да ја доживеат и преку слатките и шарени другарчиња Baby Riki-Бејби Рики. Тиеживеат во детската соба и низ игра и песна ги учат најмалите деца на основните работи, помагајќи им полесно и да ги откријат разликите и да го осознаат светот околу нив.

За божиќната магија секако ќе се погрижат и другарчињата од Петко 5+ Фамилија. Вистинските вредности на пријателството, хуманоста, семејството и вербата во магијата се учат преку култната Зоки Поки. Gley ве води и низ Светот на Биби,  продолжува со авантурите на Нинџа желките, ја носи акцијата на Младите Ловци: Чудовиштето од Бевиндејн иPaws P.I.Миленичиња детективи а  задржува вашето внимание и со безвременската Хајди.

Категоријата ДЕТСКО нуди повеќе од 30-тина наслови, стотици епизоди филмска понуда и за најпребирливите.


Затоа не пропуштајте ја можноста која Gley  ја нуди за љубителите на добри серии и филмови! Само до 10 јануари ПОЛА ПРЕТПЛАТА ЗАСЕКОГАШ!  За само 150 денари месечно, опушти се и уживај непрекинато во целата Gley содржина. Оваа акција важи и за постоечките корисници, на кои автоматски, без повторна регистрација им се преполовува наплатата.

Филмското домашно кино Gley може да го гледате преку апликациите за вашиот Smart TV, мобилен, таблет и компјутер како и за MaxTV приемниците.

Пр текст