Девојка ми е девица: Дали без секс би опстанале? Исповед на Михајло

Тој има 36 години. Во врска една година и ја сака својата девојка. Сепак, таа е девица и не е сигурна дали некогаш сака да има секс.

- Не и е пријатно за време на физички контакт. Не сакам да го изгубам тоа што го имаме. Не сакам да ги правам нештата што и се пријатни. Дали постои начин да се биде физички задоволен во врската без секс? - прашува Михајло Б. од Крагуевац.

Денес е ова чест проблем. Стручните лица имаат одговор:

Одговор од психијатар:

Не е невообичаено некој што никогаш не водел љубов со друга личност да се чувствува несигурен, вознемирен, срамежлив. Трпението е од витално значење во овој случај. Меѓутоа, ако сметате дека треба да се изразите сексуално во вашата врска, треба да го објасните тоа и да разговарате за тоа заедно.

Можните причини да бидете срамежливи за секс варираат. Можеби е исплашена од бременост, може да нема претходно знаење за сексуално однесување, или причината може да лежи во претходните проблеми со партнерите, или дури и да нема и чувстува привлечност.

Ова не е крај. Покомплексни причини може да бидат хормонално нарушување, страв од физичко излачување, вознемиреност, депресија, историја на сексуална злоупотреба или забуна во врска со сексуалната ориентација. Еден од начините да се реши овој проблем е да се обидеме заедно да побараме стручна помош и да разговараме со здравствен експерт.

Дури и кога некое лице чувствува силна сексуална привлечност кон партнерот, може да потрае некое време да го изрази. Поддржете го нејзиното еротско истражување без да ги поттикнувате вашите барања. Наместо тоа, обидете сесо сензуален не-генитален однос и нежно помогнете и‘ да се чувствува безбедно. Следете го нејзиното темпо за да можете да видите во која насока оди.