Девојки ги тестираа своите момчиња: „Кој прв ќе одговори на повикот“? - Експериментот стана вирален и ја открива вистината за врските
Група девојки направиле експеримент со тоа што решиле да ги повикаат своите партнери и измериле колку време ќе им биде потребно за да одговорат. Нивната реакција го запали интернетот.
Експериментот на група девојки кои им се јавиле на своите момчиња без причина, ја спуштиле слушалката и чекале да видат колку време ќе им треба да се јават, стана вирален на социјалните мрежи.
Едната девојка е во врска две и пол години, друга пет, третата шест и пол и четвртата седум години. Во исто време ги повикале своите момчиња и брзо го прекинале повикот, а потоа чекале. Се постави прашањето кој прв ќе се јави и зошто е пресудна должината на врската или нешто друго?
Со брзина на светлината, на повикот се јавило момчето кое е во врска пет години, потоа се јавило момчето на девојка која е во врска две и пол години, а на крајот повикот го примила девојката чија романса започнала пред шест и пол години.
Сепак, она што привлече посебно внимание е отсуството на реакција од момче кое е во врска седум години.
„Сите знаевме дека ова момче кое е седум години во врска нема да возврати“, „Играше ФИФА“, коментираат мажите на Тикток.
@izzyy726 Who’s man will call back first??? #girls #dating #relationship #married #relationshipsbelike #relationships #men Good Graces - Sabrina Carpenter
Зошто седмата година е проблем во врската?
Научна основа би можел да има и митот за критичната седма година од романсата, по која најверојатно ќе се распадне. Паровите кои стигнуваат до неа веќе поминале низ се: периодот на заљубување и страст, имаат и деца, разни животни проблеми кои треба заедно да се решат... И тогаш одеднаш почнуваат проблемите во рајот.
Според некои истражувања, дури 17 отсто од паровите не стигнуваат ниту до четвртата година, а 18 отсто сфаќаат дека треба да се разделат по една деценија заеднички живот.
Фото: Принтскрин/ Тик токИзвор: Kurir.rs