Дибала има нови две опции, Интер премногу одолговлекува

Пауло Дибала и Интер веќе предолго преговараат, во трката за потпис се вклучи и Милан, но се чини ништо од трансфер во редовите на актуелниот шампион на Италија.

Сега Дибала им нови две опции, едната е Наполи на нашиот Елиф Елмас, а другата, и најнова е Рома.

Аргентинецот имаше и опција за Премиерлигата, но Јунајтед не е толку активен во преговорите.

Единствен проблем за Дибала кога е Рома во прашање е Лигата на шампионите, тие тоа не можат да му го понудат во преговорите за следната сезона.