Спорт // Спорт
Дибиров: Има само еден „виновниk“ зошто сум во ППД Загреб
Русинот Тимур Дибиров е нов играч на ППД Загреб, легендарниот ракометар на Вардар, поради турбуленциите се реши да ја смени клупската средина.
Дибиров е „икона“ на Вардар од најуспешните денови, лојален на клубот, но ситуацијата во таборот на црвено-црните е таква што мораше да замине, тој посочи кој го убедил да го избере Загреб.
„Ми се јави Чупиќ и ми објасни сè, сфатив дека сакам да бидам дел од овој проект, не е доволно да си силен само на хартија. Да беше сè така лесно, секоја година ќе победуваа Барселона, ПСЖ и Кил“, изјави Дибиров за медиумите во Хрватска.