Дибиров: Контрола цели 55 минути, срушивме сѐ во последните 5 минути

Сме имале ние и поводи за славење и тоа големи.  Ништо не е изгубено, одиме напред. Вардар загуби на гостувањето кај Мешков Брест со 24-22 во првото коло од Лигата на шампионите.

Тимур Дибиров во поразот од Мешков Брест запиша два погодоци. Тој гледа простор за напредок, но истовремено не може да си прости дека го загубија мечот (24-22) во последните пет минути.

„Честитки до Мешков, имаа одлична поддршка од навивачите. Недозволиво е да правиме вакви грешки, загубивме во последните пет минути. Имавме контрола цели 55 минути, беше и изедначено, па срушивме се во последните пет минути. Дефинитивно имаме простор за напредок, мора да се фокусираме и да работиме, само така може да ги подобриме резултатите“, изјави рускиот репрезентативец“.