Спорт // Спорт
Дибиров: Вардар е мој втор дом, тука сум среќен
Тимур Дибиров ја продолжи соработката со Вардар, Русинот неодамна донесе одлука сè уште да го носи црвено-црниот дрес.
Вардар е задоволен, навивачите се среќни што ракометната „икона“ на клубот во моментот останува во Скопје и Македонија, Дибиров во интервју за „Балкан-Хендбол“ ги објасни причините поради кои решил да остане во клубот.
„Мојата желба, и желбата на клубот беа да останам тука, никогаш не сакав да бидам „над“ Вардар, ниту со амбициите, ниту со мислењето. Сите мои блиски знаеја дека сакав да останам, сè стана полесно откако ја освоивме двојната круна, среќен сум во Вардар, тоа е мојот дом“, кажа Дибиров.