Дигањето тегови го намалува ризикот од рак за 25%
Докторите дошле до заклучок дека посетата на теретана и дигањето тегови е клучот за здраво, силно и долговечно тело..
Најновата студија се занимаваше со поврзаноста на спортот и ракот. Бидејќи во последните неколку години теретаната стана доста популарен вид на тренинг и вистински тренд воедно, научниците одлучија да проверат колку всушност дигањето на тегови го прави вашето тело поздраво и колку помага во одржувањето на вашето здравје.
Она што го покажаа резултатите беше неочекувано. Истражувањата покажаа дека луѓето кои редовно одат во теретана и кои дигаат тегови имаат помал ризик од заболување од рак, дури за 25%. Тоа воопшто не е мал процент и може да значи огромна разлика меѓу животот и смртта, бидејќи денес се повеќе луѓе заболуваат од најсмртоносната болест.
Кога дигате тегови, целото ваше тело и организам поминуваат низ одредени процеси кои ве прават поздрави. Иако, првенствено во теретана одиме за мускулите и за да имаме подобар изглед, со помош на дигањето тегови, вашиот метаболизам се забрзува, кардиоваскуларниот систем станува поефективен, срцето се зајакнува, а вашето тело се чисти од токсини и го елиминира вишокот на шеќер и масти во телото.
Исто така, редовниот тренинг го враќа вашето тело во базна средина, а познато е дека киселините во организмот доведуваат до појава на канцерогени клетки. Исто така, како позитивни се покажаа и „HIIT“ тренинзите кои исто така имаат доста позитивно влијание на целото тело.
„HIIT“ претставува кратенка за тренинг од високи интервали, што во превод значи во релативно краток временски период мора да направите повеќе тешки и напорни вежби без паузи. Со помош на ваквите вежби, телото подобро се ослободува од киселините, мозокот подобро функционира, а бубрезите се прочистуваат, бидејќи се губат повеќе течности, кои после тоа се заменуваат со конзумирањето на вода.
Ова е дефинитвно доказ дека вежбањето и тренингот се вистинскиот клуч за долговечност и здравје, па затоа не ги пропуштајте вашите тренинзи никако.