Дијамантот од Боцвана: Штотуку откриен, огромен е

Во Боцвана, јужноафриканска земја, пронајден е третиот по големина дијамант во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата дадена од фирмата за дијаманти „Дебсвана“, во Боцвана, се наведува дека дијамантот со 1.098 карати е пронајден на 1 јуни и е „третиот најголем скапоцен камен во светот“ од ваков вид.

Исто така се наведува дека ископаниот дијамант е донесен во Габороне, главниот град на земјата, и презентиран пред претседателот на Боцвана, Мокгветси Ерик Кеабетсве Масиси.

Линет Армстронг, директорката на фирмата „Дебсвана“, истакнувајќи дека ископаниот дијамант значи многу за Боцвана, рече: „Тоа ѝ дава надеж на нашата нација која се бори.“

Дијамантот „Кулинан“ од 3.106 карати, е најголемиот досега откриен дијамант во светот, а пронајден е во Јужна Африка во 1905 година.

ФОТО: BBC