Спорт // Спорт
Динамо Загреб денес доаѓа во Скопје, тоа е најскапиот тим од Хрватска во моментот
Динамо Загреб денес доаѓа во Скопје, утре на мегдан со Шкупи, по нерешените 2-2 на првата квалификациска средба во Лигата на шампионите, јасно е дека македонскиот првак со право се надева на изненадување.
Шампионот на Хрватска, има дури седум играчи во топ 10 од хрватското првенство кои се меѓу најдобро платените играчи.
„Трансфермаркт“, сајт кој е познат по процените на играчите на трансфер берзата, направи листа од десет најдобро платени играчи во Хрватска, седум од нив се од Динамо Загреб, а меѓу нив е Ардијан Адеми кој е на шестото место со 6,5 милиони годишна плата.