Спорт // Спорт
Динамо Загреб го очекува навивачки „пекол“, Шкупи се надева на сензација вечерва на арената „Тодор Проевски“
Шкупи и Динамо Загреб вечерва од 21 часот на арената „Тодор Проески“ го играат реванш дуелот од квалификациите за Лигата на шампионите, првата средба заврши со 2-2, првакот на Хрватска, важи за фаворит вечерва.
За жал, македонската спортска јавност од мечот на сезоната во квалификациите за Лигата на шампионите, нема да има можност да следи директен ТВ пренос, а од таборот на Шкупи најавуваат дека на арената „Тодор Проески“, шампионот на Хрватска го очекува навивачки „пекол“.
Иако звучи оптимистички, најавата од таборот на македонскиот шампион е дека вечерва ќе има околу 20.000 навивачи, групата „Шверцери“ подготвува спектакл, а и притисок за гостинскиот тим.