ДИОР за мажи: Новата колекција се навраќа кон традицијата
За колекцијата Dior Men Resort 2021, Ким Џонс го истражува значењето на Maison Dior
Тој одлучи да погледне наназад и да ги разгледа делата на Кристијан Диор и двојноста на јавниот свет на 30 Avenue Montaigne и приватноста на неговото одморалиште Шато де ла Коле Ноар.
Разликата помеѓу приватноста и јавноста е реинтерпретирана во спојот на наследството на модата на Диор и модерните спортски парчиња.
Опуштените кроеви и елегантните парчиња се комбинираат, создавајќи рафиниран краен резултат. Прифаќајќи нежен пристап кон традиционалните кроеви, Џонс претстави серија лесни јакни, шорцеви, плетени модели и тенки костуми.
Колекцијата доаѓа во одлична палета од различни нијанси на сини и сиви тонови.
Моделите Лудвиг Вилсдорф, Иса Нацири и Омар Гумбала ни ги претставија овие новини, позирајќи пред објективот на Брет Лојд.