Директорот на Австралија Опен: Сите информации кои ги знаевме ги дадовме, би сакал Ѓоковиќ да игра
Тесно соработувавме со властите на државата Викторија за да ги утврдиме процедурите низ кои треба да поминат неколку тенисери за да добијат изземање, а тоа беше направено во соработка со властите“, изјави денеска директорот на Австралија опен, Крег Тајли.
Владата на Викторија и Тенис Австралија му дадоа дозвола на Новак Ѓоковиќ дозвола за учество на Австралија Опен врз основа на медицинскиот исклучок, кој го блокира федералната влада, а Тајли во интервју за ТВ 9News бил запрашан дали може да гарантира дека сите информации кои ги дале играчите биле точни.
„Сè што знаевме и сите информации што ги имавме во тоа време, им го дадовме на играчите. Се сеќавате дека од почетокот велевме дека вакцинацијата е најбезбедниот начин да се дојде на турнирот со вакцини кои се признати во Австралија. Но, секогаш постоеше и опција за медицинско ослободување што не постои само за тенисери, туку и за други луѓе кои сакаат да дојдат во Австралија. во соработка со властите“, рече Тејли.
Тој не сакаше никого да обвини, иако сојузната влада го обвинува Тенис Австралија за случајот Ѓоковиќ.
„Нема да обвинувам никого. Знаеме што знаеме и знаеме дека направивме се што можевме за да ги доведеме играчите“, изјави Тајли.
Запрашан дали Новак Ѓоковиќ треба да игра на Австралија опен, тој одговори: „Би сакал да го видам да игра на Австралија опен“.
Ѓоковиќ веќе петти ден е во хотелот за мигранти во Мелбурн, откако Австралија му ја укина визата за престој во земјата поради наводно неисполнување на условите.
Вечерва на полноќ по локално време, судот во Австралија ќе ги сослуша Новак Ѓоковиќ и тимот на министерката за внатрешни работи Карен Ендрјус, кога ќе се знае дали најдобриот тенсиер во светот ќе ја брани титулата освоена минатата година или ќе мора да си замине од земјата.
фото: телеграф.рс